ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Апелација ја потврди казната за Вангеловски

April 7, 2023 14:27
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Јово Вангеловски. Фото: МИА

Јово Вангеловски. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Апелација ја потврди условната казна od една година и шест месеци затвор на која е осуден експретседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Ова го потврдуваат од второстепениот суд. Отфрлени се жалбите на Обвинителството за повисока казна, како и жалбите за сторени суштествени повреди во постапката и барање ослободителна пресуда од Вангеловски. Тој одговараше за сторено дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

„Првостепената пресуда е потврдена. Првостепената беше условна осуда“, посочија од Апелација.

Вангеловски се гонеше бидејќи како претседател на Врховниот суд донел поединечни решенија за сите судии на овој суд, со кои им го утврдил додатокот на платата за ноември во износ од 35 % од основната плата, кој во согласност со законот им следува за посебни услови за работа, постоење висок ризик и доверливост.

„Притоа, свесно, со намера потешко да ѝ ги повреди правата, обвинетиот не донел решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа. Обвинетиот постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од Правилникот за додатоци на платата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија донесен од Судскиот совет на Република Северна Македонија, со што го сторил кривичното дело што му се става на товар“, соопштија од Обвинителството во 2020 година кога го поднесоа обвинението

Вангеловски од функцијата судија и претседател на судот официјално беше разрешен во март 2020 поради несовесно вршење на функцијата, односно поради укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан во 2017 година додека тој беше во бегство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АпелацијаВангеловски

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Украина и Русија во Истанбул договорија размена на воени заробеници

June 2, 2025

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

June 2, 2025

Јахоски патувал надвор од државата со пасош издаден од МВР по решение на Апелација

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk