Во чест на 7 Април – Светскиот ден на здравјето, Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, преку своите претставници проф. д-р Венко Филипче и Славица Заева, за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје, донираше хируршки микроскоп „OPMI Movena/S7“ во вредностод 1.306.260,оо денари со вклучен ДДВ.
Примопредавањето на хируршкиот микроскоп е резултат на склучениот договор за донација, потпишан од директорот на Фондацијата Зоран Заев и директорката на клиниката, доц. д-р. Софија Пејкова, а во рамките на доследното спроведување на целите и начелата од нашата Програма за унапредување на јавното здравство.
Имајќи ги во предвид приоритетите на дејствување на нашата Фондација во делот на јавното здравство, донирањето современи апаратури на здравствените установи во земјата ќе продолжи и во иднина.
Донирајте и Вие, затоа што донирањето во здравството е влог во човековата иднина.