ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

Јазичната формулација во ЕУ-преговарачката рамка е најсилната гаранција за македонскиот јазик, вели Османи

July 4, 2025 15:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, предупредува дека актуелната влада направила сериозна грешка со политизирање на прашањето за македонскиот јазик, што резултирало со негово отсуство од последниот извештај на Европскиот парламент. Османи смета дека ова е директна последица од „политички егзибиционизам“ и „националистичка несмасност“.

„Ставот на Бугарија за македонскиот јазик претставува предизвик за односите меѓу двете земји низ трите декади од нашето осамостојување“, потсетува Османи во објава на социјалните мрежи, наведувајќи дека постигнувањето чиста формулација за македонскиот јазик во Преговарачката рамка било резултат на долгогодишни дипломатски напори.

„Во клучниот документ на ЕУ за земјава, Унијата го прифаќа македонскиот јазик без никакво дообјаснување, без фусноти или ѕвездички, без никакви дополнителни квалификации, чист македонски јазик“, нагласува тој.

Османи остро ја критикува актуелната влада за, како што вели, отворање на тема што веќе била затворена. „Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја отворија темата… направија погрешна проценка дека ќе обезбедат јавна доминација врз наративот со Бугарија“, вели Османи.

Според него, триумфалистичкиот пристап и непрофесионалното однесување довеле до дипломатски дебакл. „Да се доведе во прашање оваа позиција за помалку од една година не само што претставува израз на несмасност, туку и на неодговорност предизвикана од политички егзибиционизам“, додава тој.

Османи укажува и на обидот на европратеникот Томас Вајц да помогне со позитивна формулација во извештајот на Европскиот парламент, кој, според него, бил саботиран од внатрешната политика. „Наместо да биде цврсто поддржан, тој беше пуштен да падне како жртва на домашниот триумфализам и балканска надменост“, оценува Османи.

Иако ситуацијата е сериозна, тој не ја смета за непоправлива. „Сепак, овој дебакл не мора да значи севкупен пораз. Треба трезвено да се признае грешката и да се вратиме на најсилната основа што веќе постои – Преговарачката рамка“, вели Османи, потенцирајќи дека ниту еден извештај на Европскиот парламент нема тежина како рамката одобрена со консензус од сите земји-членки.

Тој апелира до Владата да покаже одговорност и зрелост: „Време е да се престане со националистичко родео и да се покаже државничка зрелост.“

Премиерот Христијан Мицкоски за објавите во бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на земјава истакна дека на талибански начин се бришат македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Ивештајот на ЕП.

Според Филипче, Мицкоски е виновен што на Македонија повторно и се оспорува идентитетот и јазикот.

Доколку македонскиот јазик биде тргнат од Извештајот на ЕУ виновен ќе биде само Христијан Мицкоски кој ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент за прашање кое беше затворено. Венко Филипче од граѓанската трибина „Мугра на слободата“ обвини дека за една година ВМРО-ДПМНЕ сите победи на СДСМ ги претвори во пораз.

„Последниот пораз најмногу боли. Очигледно македонскиот јазик ќе биде тргнат од извештајот на ЕУ. Заради теснополитички интереси тој одново Мицкоски ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент, прашање кое беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен Македонски јазик на Македонскиот народ. Мицкоски не може да го впери прстот кон никого за поразот кој Македонија одново го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани се виновни за оваа состојба“ рече Филипче.

Според објавата на бугарската агенција БГНЕС трите најголеми политички сили во ЕП, Европската народна партија (ЕНП), Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите (С&Д) и Обнова се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на земјава, кој треба да се гласа на пленарната седница на ЕП на 8 јули, а информацијата на Фејсбук ја потврди и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бујар ОсманиЕУмакедонски јазикМицкоскиФилипче

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Дарко Лешоски му довери песна на ChatGPT – Kаква верзија му направи чатботот?

July 17, 2025

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk