Зборуваме за најголемиот проект во Македонија вреден милијарда и 300 милиони за изградба на Коридорите 8 и 10. Ако има криминал, си постојат институции и истражни органи кои ќе истражат. Ние како Влада сме покажале дека се одговара каде што има криминал“ изјави секретарот за јавни политики во Владата, Васко Кичевски во „Само вистина“ на Канал 5.
Тој додаде дека важно е што почнува изградбата на Коридорот 8, кој го поврзува истокот со западот и за Охрид наместо два и пол часа ќе се патува час и половина.
Кичево-Охрид се гради веќе деветта година. Планиран бил седум месеци, а девет години не се завршува. Сега имаме друг начин на поставување на изградба на автопат, со кој за пет години ќе се изградат 110 километри, рече Кичевски.
Тој додаде дека процесот за изградба на коридорите мора да се забрза, бидејќи таква е стратешката позиција на земјава, бидејќи немаме море.
Од раните деведесетти имаме студии каде велиме дека тука треба да се градат патишта, гасификација и од тоа да заработува државата. Ние немаме море, треба да ја користиме инфраструктурата како начин за приход, рече Кичевски.