ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уставните измени да не се заложник на еден човек, порача премиерот

April 10, 2023 13:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставните измени се нешто што е обврска на нашата држава во делот на пристапување во Европската Унија и за мене беше очекувано кои партии ќе учествуваат, а кои нема да учествуваат во работната група формирана во Министерството за правда, изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање како ќе функционираат работните групи во Минисерството за правда, каде што опозициските партии одбија учество.

-Во државата имаме два концепти – едниот концепт се политички партии кои ја поддржуваат Северна Македонија членка на НАТО и на ЕУ и имаме втора група на политички партии предводени од Левица и нивниот заложник ВМРО-ДПМНЕ, јас ова го кажав уште во септември минатата година, што се против членството на земјава во НАТО и во ЕУ. И тоа во историјата се потврдило. Одлуките за НАТО, денешната опозиција не гласаше за ниту една. Тие не гласаа ниту за договорот Фронтекс каде што за првпат македонскиот јазик е дел од договор во којшто се наведени сите други јазици на земјите-членки на ЕУ. И тоа не влегоа да го гласаат, рече Ковачевски.

Тој додаде дека „подобрувањето на животниот стандард, воведувањето демократски институции на повисоко ниво, зачленувањето во ЕУ, не можат да бидат заложник на кариерата на еден човек, туку тие се обврска на сите пратеници во Собранието да носат одлуки што ќе обезбедат европска иднина на сегашната и на идните генерации“.

-Откако ќе бидат направени амандманите во Комисијата при Министерството за правда, тие ќе бидат дадени на јавна расправа пред академската заедница, пред невладиниот сектор, бизнис заедницата, медиумите, да се запознаат граѓаните и потоа ќе започне парламентарната процедура во Собранието, каде што постои уставна комисија и оди низ процедурите што важат за уставни измени, рече тој.

Тој потсети дека ова не се последни уставни измени, бидејќи, нагласи и пред влегувањето во ЕУ има уставни измени кога се даваат дел од надлежностите на Европската Унија како што тоа го направила секоја држава.

-И ова не е последното двотретинско гласање на патот до ЕУ. Пред нас имаме врз основа на скрининг извештаите што ќе ги добиеме реформа на правосудството – за тоа треба две третини, реформа на обвинителството, реформа на јавната администрација, реформа на децентрализацијата, и за тоа велам дека овој процес не може да биде заложник на еден човек, ниту пак процесот е процес на еден човек, една партија, или една влада. Ова е процес во којшто треба сите да учествуваат затоа што граѓаните заслужуваат да живеат во земја-членка на ЕУ ама тука дома, а не да живеат во земја-членка на ЕУ во туѓина да одат да работат, истакна тој.

Tags: Ковачевскиуставни измени
Next Post

Герасимовски за Иницијативата: Оние кои се дрзнуваат сега да градат без дозвола на диво, два пати ќе размислат во иднина

НАЈНОВО

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

October 28, 2025

НИС нема одговор зошто се блокирани милион барели казахстанска нафта за Србија

October 28, 2025
ВИ

По земјотресот во Турција со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk