ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Постоењето на „ѕид на раздвојување“ на луѓето е неодржливо и спротивно на основните принципи на ОБСЕ

April 11, 2023 10:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Слободата на движење на луѓето во Одзиси е целосно блокирана со „ѕид на раздвојување” што е жално и неприфатливо во 21-от век.

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи кој денеска оствари теренска посета на преминот Одзиси, Грузија каде имаше прилика од прва рака да ги види ефектите врз населението кое е поделено како резултат на конфликтот од 2008 година.

„Луѓето овде немаат можност да ги посетат своите роднини и пријатели, да го користат земјоделското земјиште, тие се лишени од можноста да ги посетуваат верските објекти. Ваквата состојба е неодржлива и спротивна на основните принципи на ОБСЕ и на цивилизациските идеали”, рече Османи.

Османи повика на што побрзо отворање на премините, особено во пресрет на Велигденските празници.

„Потребно е луѓето повторно да ја добијат нивната слобода на движење како основно човеково право, а Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ ќе ги вложи сите напори за да им помогне на директно загрозените од конфликтот”, потенцираше Османи.

Посетата на Одзиси, Османи ја оствари во придружба на Мониторинг мисијата на ЕУ. Тој им се заблагодари за нивната работа на терен во изминатите 15 години заедно со претставниците на ОБСЕ, особено во превенирањето на нови тензии и олеснување на враќањето во безбеден и нормален живот.

Од Одзиси, Османи се упати кон Тсеровани, каде што се наоѓа заедница на внатрешно раселени лица по конфликтот од 2008 година. Османи имаше можност непосредно да ги слушне нивните приказни и да понуди поддршка за подобрување на нивниот секојдневен живот.

„Ве уверувам дека јас како Претседавач со ОБСЕ заедно со нашите партнери ќе направиме сè што е во нашата моќ за да ја подобриме состојбата на сите раселени и маргинализирани лица како и на семејствата на исчезнатите”, рече Претседавачот Османи.

Инаку, Тсеровани се наоѓа недалеку од Тбилиси и претставува една од најголемите населби формирани од страна на грузиските власти за згрижување на внатрешно раселените лица кои биле принудени да ги напуштат своите домови по конфликтот во 2008.

Tags: ОБСЕОсмани
Next Post

Глигорова: Постојано се јакне капацитетот за стрес-тестирање на банките

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk