Домашно куче усмртило малолетно дете во скопската населба Пинтија, информираат од МВР.
Според полицијата, на 11.04 во 18:25 часот од ГОБ „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.
-Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.