ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кучињата кои го нападнаа осумгодишното момче се изолирани и ставени под надзор на ветеринар

April 12, 2023 14:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кучињата кои го нападнале осумгодишното дете во скопската населба Пинтија се изолирани и ставени под надзор на официјален ветеринар. Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека кучињата се уредно идентификувани со микрочип. Официјален ветеринар ќе го испитува случајот и ќе врши проценка на околностите под кои се случил инцидентот.

– Лично како човек и како директор на АХВ изразувам најдлабоко жалење за трагедијата во кој згасна млад човечки живот. Од направениот увид утврдено е дека во немилиот настан учествувале две кучиња кои имаат сопственик. Кучињата се уредно идентификувани со микрочип и тие сега се изолирани и ставени под надзор на официјален ветеринар. Дворот во кој се чуваат кучињата е соодветно заграден и на влезот е поставен предупредувачки знак „Пази куче“, вели директорот на АХВ Николче Бабовски.

Со контролата ќе се испитува и дали сопственикот на кучињата ги испочитувал одредбите од законите за ветеринарно здравство, за идентификација и регистрација на животните и за здравствената заштита и благосостојба, односно дали се испочитувани условите пропишани во актуелната Годишна наредба за здравствена заштита на животните, условите за држење на кучињата од страна на сопственикот итн. Согласно Законот, се дава налог кучињата да се стават под официјален надзор за болеста беснло од страна на ветеринар за период од 15 дена, а по завршувањето на опсервацијата се издава сертификат за надзор на беснило со кој се потврдува здравствениот статус на животните во однос на болеста.

Двете кучиња од расата „англиски мастиф“ се регистрирани и во Кинолошкиот сојуз. Едното е увезено од Србија, а другото од Белорусија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АХВКучиња

НАЈНОВО

Гувернерот на Банката на Франција со капче „Да ја направиме Европа повторно голема“

July 5, 2025
Скриншот

Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

July 5, 2025
Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Коалиција Маргини: Репродукција или казна – Како власта ни ја дисциплинира иднината

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk