ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шаќири: Спортот како и образованието е право на секое дете, обврска на општеството е да ги отстранува бариерите за инклузија

April 12, 2023 19:26
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука континуирано работи на обезбедување инклузивно образование и зголемување на учеството на сите деца и млади во воспитно-образовниот процес, со особено внимание на децата што можат да бидат маргинализирани, дискриминирани или исклучени од образовниот систем. Мерките и стратегиите за отстранување на бариерите придонесуваат и за создавање поинклузивна спортска култура во училиштата, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на отворањето на првиот инклузивен Спортски саем „Спорт за сите“.

Нагласувајќи дека спортот е потреба и право на сите луѓе, без оглед на нивните физички и ментални способности, Шаќири наведе дека степенот на вклученост на лицата од ранливите групи во спортот покажува колку, како општество, навистина даваме еднакви шанси на сите.

Наша цел е квалитетно образование за секое дете. Имаме правна рамка за инклузивно образование и посветени сме на градење капацитети за развој на инклузивна клима и обезбедуваме системска поддршка на воспитно-образовниот кадар за почитување на различностите, промовирање еднаквост, правичност, недискриминација и создавање услови за напредување на секој ученик, согласно неговите можности, наведе Шаќири.

За да можат да работат со децата со атипичен развој, за наставниците се предвидени посебни обуки, а во соработка со меѓународни партнерски организации и институции, изготвени се посебни водичи како да  реализираат инклузивни спортски активности и физички вежби, прилагодени на потребите на децата со попреченост, на редовните часови за физичко воспитување.

„Веќе неколку години, наставата по физичко од прво до петто одделение ја реализираат тандем наставници. Освен одделенскиот наставник, учествува и предметен наставник, што овозможува поуспешна реализација на наставата и постигнување поголеми ефекти во практикувањето на здрав начин на живеење, развој на физичките способности и унапредување на моторните вештини“, рече министерот Шаќири.

Оваа учебна година Министерството ангажираше 720 образовни асистенти, како одговор на искажаните потреби на родителите на учениците со попреченост. Тие го олеснуваат вклучувањето на децата со атипичен развој во редовниот воспитно-образовен процес, се грижат децата да се адаптираат на училишната средина и на врсниците, да ги совладаат наставните содржини, како и да развијат свест дека може да спортуваат заедно со другите деца.

Министерот кажа дека политиките за подигнувањето на степенот на инклузивност на националниот образовен систем опфаќаат и интензивно инвестирање во образовна инфраструктура како и набавка на дидактички помагала. Посебно внимание се посветува на изградбата и опремувањето на спортски сали. Преку Проектот 145 сали досега се реализирани 100 спортски објекти, кои се пристапни и достапни за учениците со атипичен развој. Со грант вреден 3 милиони евра се финансира реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта, а воедно и се набавува нова спортска опрема за вкупно 50 спортски сали во основните училишта.

Спортскиот саем ,,Спорт за сите” се организира на иницијатива на Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на заедничкиот ОН проект „Од знаење и образование до зајакнување и учество“.

Tags: Јетон Шаќирипрвиот инклузивен Спортски саем „Спорт за сите“
Next Post
Бисера Костадиновска Стојчевска

Костадиновска-Стојчевска: Останувам на зборот за изнаоѓање трајно просторно решение за Оркестарот за џез, но не на перфиден и подмолен начин

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk