ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Започната втората фаза од процесот за унапредување на системот за идентификација на животните и подобрување на безбедноста на храната

April 12, 2023 12:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

По успешната имплементација на првата фаза од процесот за надградба напостојниот ветеринарен информациски системво согласност со стандардите на Европската унија, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја започнаа втората фаза од процесот, преку нов ФАО проект. Целта на новиот проект е трансфер на нов ветеринарен и нформациски софтвер, опремен со нови модули и функционалности, во употреба на АХВ.

Системот за идентификација и регистрацијата на животните е важен дел од синџирот за безбедност на храната. Тој овозможува брзо и навремено евидентирање, анализирање и користење на податоци за животните од различни засегнати страни, вклучително информации за нивното раѓање и потекло, статус на вакцинација, здравствена состојба, болести – во случај на појава и документирање на целосниот циклус на животното од фарма до трпеза, што обезбедува испорака на безбедна храна до потрошувачите.

Додека првата фаза се фокусираше на изработка на техничката документација за надградба на постојниот ветеринарен информациски систем при АХВ, врз основа на веќе успешниот софтвер развиен од ФАО во Грузија, втората фаза ќе се фокусира на трансфер на системоти додавање на нови модули и функционалности, како и негово конфигурирање за употреба во АХВ. Новото модерно, одржливо и долгорочно решение ќе отвори нови можности за подобрување на следливоста на животните и подобрување на безбедноста на храната, што е од клучно значење за одржување на јавното здравје, здравјето на животните, безбедноста на храната и пристапот до меѓународните пазари.

Во своето обраќање на денешниот состанок за отпочнување на проектот, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакна дека подобрувањето на одговорот на земјоделството кон барањата на општеството за здравствените аспекти на храната, вклучувајќи ја благосостојбата на животните, е од стратешко значење за земјоделскиот сектор, вклучително и обврската да го усогласиме националното законодавство за благосостојба на животните и безбедност на храната со стандардите на Европската унија. ”Ефикасна и современа идентификација и регистрација на животните е предуслов за современо управување со здравјето на животните, сточарско производство, подобрена конкурентност и пристап до глобалните пазари” – истакна тој.

Ветеринарниот информациски системна Северна Македонија е развиен пред повеќе од 12 години и е приспособен исклучиво на домашните околности и законска рамка. Истиот е застарен и од технолошка и од законодавната перспектива поради континуираното еволуирање на законодавството на ЕУ и тековното приближување кон ЕУ, особено Регулативата на ЕУ 2016/429 „Закон за здравјето на животните”. Оттука, несомнена е потребата за унапредување на системот и негово усогласување со стандардите на ЕУ.

Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО) има развиено успешни проекти за воспоставување на ветеринарни информациски системи ширум светот, што ја прави една од водечките организации на оваа тема. На барање на Владата на РСМ, унапредувањето на постојниот ветеринарен информациски системќе се работи со поддршка на ФАО, со цел постигнување на целосно усогласено решение со стандардите на ЕУ.

Среќни сме што можеме да го споделиме нашето искуство со Северна Македонија за унапредување на Системот за идентификација и регистрацијата на животните и со нетрпение очекуваме плодна соработка со Владата и сите засегнати страни да придонесеме за подобрување на јавното здравје, здравјето на животните и безбедноста на храната, во согласност со стандардите на Европската унија – истакна Набил Ганги,Заменик регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија и Шеф на канцеларијата на ФАО во Северна Македонија.

„Jа препознаваме огромната важност од надградбата на ветеринарниот информациски систем во Северна Македонија за усогласување со барањата за приближување на Европската унија. Оваа модернизација не само што ќе ја подобри нашата способност да обезбедиме здравје и благосостојба на животните, но и олеснување на непречена трговија со производи од животинско потекло со земјите-членки на ЕУ. Тоа е клучен чекор кон постигнување на усогласување со стандардите на ЕУ и зајакнување на позицијата на нашата земја на меѓународниот пазар” – изјави Вања Кондратенко, Раководител на сектор за здравствена заштита и благосостојба на животните при АХВ.

Проектот е од Програмата на ФАО за техничка поддршка и ќе се спроведува во тесна соработка со АХВ, МЗШВ и други засегнати страни, во период од 2 години.

Tags: АХВМЗШВФАО
Next Post

Бочварски разговарал со претставници на ССМ и градежни комори за пакетот законски измени за Коридорите

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk