ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Царина: Доколку се приложувани лажни фактури при увозот на земјоделски производи, ќе покренеме постапка за утврдување на прекршочна или кривична одговорност

April 13, 2023 13:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со изнесените сомневања во јавноста дека се приложувани лажни фактури при увозот на земјоделски производи, по извршената анализа за период од 1 јануари до 6 април 2023 година, Царинската управа информира дека на дополнителна проверка на декларираната вредност се испратени фактури приложени кон увозните царински декларации за 11 увозници и тоа во царинските администрации на Грција, Србија, Турција и Албанија соодветно, во зависност од земјата од каде се извезени овие производи, се вели во соопштението на Царинска управа на Република Северна Македонија.

Врз основа на претходни сомневања за веродостојноост на приложени фактури за увезени земјоделски производи, во декември 2022 година за два од овие увозници, на дополнителна проверка веќе се испратени фактури приложени кон увозни царински декларации до царинската администрација на земјата извозник – Грција.

Согласно меѓународните спогодби со кои се регулира оваа административна соработка меѓу царинските служби, предвидени се рокови од 10 месеци за одговор на овие барања од страна на царинската служба на земјата извозник.

Доколку добиените одговори од царинските администрации ги потврдат сомневањата дека се приложувале лажни фактури при спроведувањето на увозната постапка, Царинската управа за овие увозници ќе покрене постапка за дополнителна наплата на избегнатите давачки, како и постапка за утврдување на прекршочна или кривична одговорност, во зависност од износот на избегнатите давачки.

Царинската управа врши анализа на приложените фактури кон увозните декларации за земјоделски производи и за претходните три години, согласно законски предвидениот рок. Доколку од анализата произлезат сомневања за веродостојност на приложените фактури кон увозните декларации и од други увозници, истите ќе бидат пратени на проверка до царинските служби на земјите од каде се извезени.

Дополнително, доколку се утврди дека од страна на царинските службеници при спроведување на царинската постапка не е постапено согласно законските прописи и интерните акти на Царинската управа, ќе бидат преземени соодветни мерки за утврдување на одговорност.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: царина

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk