ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи од Ерменија: Мојата посета е во насока на поддршка за сеопфатно и одржливо решение помеѓу Ереван и Баку

April 13, 2023 15:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Статусот на мировниот процес помеѓу Ерменија и Азербејџан и поврзаните хуманитарни прашања, но и соработката со ОБСЕ во насока на поддршка на реформската агенда на земјата, беа во фокусот на разговорите со Премиерот и Претседателот на Ерменија, со кои денеска се сретна министерот Бујар Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ.

Со ерменскиот премиер Никол Пашинјан се осврнаа на позицијата на Ереван, особено во врска со безбедносните прашања, за која, како што рече Османи, е прагматична со оглед на актуелната ситуација.

Тој додаде и дека ОБСЕ, како долгорочен меѓународен партнер на Ерменија, ќе придонесе за унапредување на перспективите за мир.

„Ве уверувам дека мојата посета е во насока на поддршка на мирот и стабилноста, особено земајќи предвид дека сеопфатно и одржливо решение помеѓу Ереван и Баку сè уште не е постигнато”, рече на средбата Османи.

Тој исто така ја истакна и досегашната успешна соработка на земјата со ОБСЕ, потенцирајќи дека истата има можност уште да се продлабочува и притоа од Пашинјан побара поддршка за целосно оперативна и функционална Организацијата, со цел развој на нови активности кои ќе помогнат во сеопфатен мировен договор.

„ОБСЕ активно соработува со Ерменија во широк спектар на иницијативи во изминатите пет години како дел од ‘Програмата за соработка со Ерменија’, а ја имате мојата целосна политичка поддршка и за дополнителни активности кои ќе помогнат на луѓето погодени од конфликти”, рече Османи.

Актуелните теми во врска со конечно решавање на долгогодишните прашања и нормализирање на односите помеѓу сите земји беше предмет на разговор и со ерменскиот претседател Вахан Хачатуријан, на кого Османи му порача дека градењето мир и доверба е од огромно значење за сите.

„Верувам дека постои поддршка од сите страни за сеопфатен и траен мир меѓу Ерменија и Азербејџан, како и во целиот регион на Јужен Кавказ. Свесни сме дека доаѓање до решение е многу тежок предизвик, но најважно е да се бара иднината. Минатото колку и да е болно и тешко, нема да донесе излез од ситуацијата”, рече Претседавачот Османи.

Со претседателот Хачатуријан Османи разговараше и за поддршката на ОБСЕ како платформа за изнаоѓање целосно и сеопфатно решение во нормализирањето на односите меѓу двете земји, нагласувајќи дека Северна Македонија, како Претседавач со ОБСЕ може да даде корисен придонес за градење доверба и нормализирање на односите.

„Бев заинтересиран да се информирам повеќе за статусот на дискусии за перспективите за мир. Важно е сите страни да се ангажираат за смирување на тензиите, а ние ќе продолжиме со силна поддршка на иницијативите за постигнување мировен договор”, истакна Османи.

Двете средби со државниот врв на Ерменија беа во насока на изнаоѓање решение за кревката безбедносна ситуација на терен, но и поддршката од ОБСЕ во справувањето со внатрешните и надворешните предизвици во трите безбедносни димензии кои се во рамки на конкретниот мандат на Организацијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕрменијаОсмани
Next Post

Во Скопје отворена изложбата „Кои сме ние“ посветена на Ромите

НАЈНОВО

Силно невреме низ Европа: Прекини на струја, откажани летови и блокади на патишта

October 5, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Лавина однесе тројца хрватски планинари во Јулиските Алпи во Словенија

October 5, 2025

Израел тврди – речиси целиот север на Појасот Газа е испразнет од цивили; според ОН тами сè уште има стотици илјади луѓе

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk