ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Медиумите се мртви, најверојатно се работи за самоубиство

April 24, 2023 12:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Седум години ја бутаа власта и го растураа сдсм и сега, откако им се причини дека целите на нивната борба се пред остварување, загрижено предупредуваат дека и власта и сдсм се движат кон бездна.

Не кон каква било бездна, туку кон длабока бездна.

Без дно.

Кон бездна без дно.

Хахаха!

Кикифрики, Горан, Жанета, цела сурија спасители брзаат да го фатат Тачета за ногавиците таму кај што се разгрануваат, да не би човекот да тресне во долот.

Па, добро, другари, што не ги оставите луѓето да пропаднат, ми доаѓа да ве прашам, да не речам, што ве боли курот што тие што ги бутате секој момент ќе се лизнат од работ на бездната.

Нормално би било не да сте скиснати како болно куче на пороен дожд, туку да имате ерекција и ејакулација.

На брадести сперматозоиди, како Перо.

Како кој Перо?

На моменти мислам дека почнувате да разбирате дека крајот на власта и на сдсм нема да ги донесе на власт чипираните идиоти на вмро и вас на по некоја функција, туку дека сите ќе нѐ однесе у пизду материну.

А на моменти мислам дека немате таква зрелост и дека загриженоста ви е само форма на изразување на радост од плодовите на мисијата на која ѝ се посветивте.

Како кога некој изразува сочувство за смртта на тој што го утепал.

Тоа го има во културата на мафијата.

И кај Македонците.

Можеби и кај други народи, но кај нас е тоа изделкано во највисока форма на малограѓански и селски цинизам.

Драмата со автопатиштата не е драма инспирирана од шеесетчасовната работна недела, кој го боли курот за тоа, особено ако се плаќа, тоа е така смешно, не,  дури мислам дека не е инспирирана и од темата за корупцијата, нема снимки во кои некој Миле му одговара на премиерот дека партнерите ќе прифатат 15 отсто провизија само ако им биде побарана, туку од чувството дека два коридора и хармонизирачки уставни промени, со европски перспективи во статусот и во животот (инвестиции, инфраструктура, плати, пензии, цени…), можат да го прекршат расположението на граѓаните, кои тие, така упорно, со своите катастрофичности, хаотичности, очајувања и резигнации (не бива од нас држава) го обликуваа да биде клучен фактор на неизбежната смена на власта.

Разбирлива ми е таа нервоза и тоа разочарување.

Тоа е како со едната рака да си на Монт Еверест и некој Бехтел односно Тачи и Али да те повлечат на чај во Катманду.

Страшно.

Политичката пантличара гледа на Европа и на европскиот стандард како успех на сдсм и на власта, што не е спорно, но нема моќ тоа да го препознае како успех на Македонија и на нејзините граѓани, затоа што се плаши дека тоа може да биде протолкувано и како нејзин пораз. Можеби дури и дефинитивен. Што не мораше да биде, се разбира, но изгледа дека не ќе може да не биде така.

Затоа што се чисто зло со антимакедонски (не го сакам овој израз, но подобар не ми текнува) агенди.

Говњари, да, тоа е посоодветен термин.

На голем број нивни симпатизери им текнува  колку е часот, но јас мислам дека преголемата деликатност многу често ги замаглува работите. И дека треба отворено да кажеме дека си имаме работа со злотвори кои работат против интересите на  Македонија и на нејзините граѓани.

И на сопствените членови и симпатизери.

Што се однесува до јавноста, ќе го кажам тоа што го кажав во последниот статус, повикувајќи се не на кого било, туку на другарот Волтер:

„Луѓето се како кучиња, почнуваат да лаат штом од далеку ќе го чујат лаењето на други кучиња.“

Најголем дел од македонската јавност ја остави својата деловна способност пред портите на вмро и на смртоносната медиумска пропаганда и сега функционира како кучињата во афоризмот на Волтер.

Владата и секој разумен човек треба во што е можно поголем лак да ги заобиколува овие песови.

Тоа е.

Се потрошивте, бе другари, од медиумите, како лајачи и олајувачи во служба на вмро, закономерно се сјебавте. Вашата презумпција за сѐ, па така и за договорот за коридорите, беше и е уривање, деструкција, што полошо тоа подобро, смрт, не борба за законитост. Следејќи ги моделите на Кикифрики и на разноразни скотови разместени како вагнеријанци на вморонската специјална операција по медиуми и таканаречени медиуми, дојдовте во ситуација да кокодакате, да лаете или да испуштате други ономатопеи на кои никој не обрнува внимание. Ве читаат и ве гледаат само уште тешките будали.  А и тие не ви веруваат. Во таква расфакторизираност јас не би ви го покажал ниту договорот за тоалетна хартија во министерството за сеража. Вие сте службеници на злото. Секој контакт со вас е кривично дело. Процесите кои од јавноста направија вморонски кокошарник ќе треба многу сериозно да ги анализираме, но вие како медиуми во тој процес ќе бидете на страната на трагичната пасива.

Медиумите се мртви.

Истрагата покажува дека најверојатно се работи за самоубиство.

Со значајна помош на вмро.

Тоа се причините за фактот дека немате моќ да го согледате и разберете натпартискиот контекст при што драматично ви е погрешно разрешницата да ја гледате исклучиво како прашање на власта.

На смена на власта.

Да не зборуваме за шесте работи кои ќе го одредат крајот на македонската историја ако работите се одбиваат според рецептот што вмро ви го тутна во рацете: слабоста на сдсм и на другите прогресивни сили, тоталната вредносна, идејна, морална и политичка раскурцаност на општеството, како круна на вашите медиумски проливи, идејните ориентации и капацитетите на претендентите, интересите на Албанците, интересите на соседите и геополитичките констелации во регионот, во Европа и во светот.

Јас знам подобро од вас колку е лош сдсм. И владата. Но ова не е претстава Ви Гот Талент. Или Песна на Евровизија. Со ресурсите со кои располагаме мораме да го избереме најдобриот пат. А време немаме. Затоа треба да се обединиме околу власта, а не затоа што е најдобра можна или безгрешна или несменлива. Тие се теми за после. Сега е битна генералната ориентација која е единствено можна и околу која не би требало да има расправа дури и јавноста да е здрава, а медиумите нормални. Европа. Само ваков однос гарантира систем во кој сменливоста на власта ќе биде нормална, а не драматична, историска или егзистенцијална работа.

И на самиот крај: Договорот со Бехтел мора да се гледа не само како градежен и финансиски проект, туку и како дел од стратегиското партнерство со САД. Треба ли да ви ги објаснувам деталите или ќе оставиме тоа да го сторат Кикифрики и Бладе Милчин, Сајмон и Гарфанкел на вморонската кантри музика. Или некој идиот од вмро. Дафина или Лигњата.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. | Извор: FRONTLINE

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk