„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица водат хајка против стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д и против реномирана американска компанија“, вели денеска на прес-конференција Миле Талевски, пратеник на СДСМ.
„Изградбата на коридорите 8 и 10Д е најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, вреден 1,3 милијарди евра.
600 милиони евра од овие пари ќе завршат кај наши домашни компании.
Гледаме дека со невистини и спинови Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа против реализација на овој проект важен за развојот на земјата.
„Мицкоски не знае што е ниту градежништво ниту градба, тој е последен претставник на Црвената буржоазија“, истакна тој.