ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заокружена првата фаза за измени на Законот за аудиовизуелни медиумски услуги, треба да се донесе до 31 мај

April 24, 2023 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Законски решенија и дигитализација во јавната администрација и услугите за граѓаните најавува министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

На брифинг со медиумите Алиу денеска соопшти дека е при крај подготовката на Стратегијата за реформа на јавната администрација, а со неа се опфатени повеќе закони што треба да се донесат и за кои веќе се почнати активности.

Како што рече Алиу, со законот за плати во јавниот сектор треба да се најде системско решение за платите во овој сектор, а со законот за административни службеници во процесите ќе се применува мерит системот, но со јасни индикатори.

Со законот за вработени во јавниот сектор, пак, ќе се уредува ангажманот на кабинетските службеници и актите за систематизација.

– Сакаме да се децентрализираат процесите и пред ние да дадеме мислење да има мислење и од институцијата која ја бара систематизацијата, посочува Алиу, додавајќи дека приоритет е и законот за висока раководна служба со кој што ќе се обезбеди професионализација на раководните служби.

Дел од пакетот се и законите за органи на државна управа, а ако не биде донесен, како што нагласи Алиу, државата ќе има проблеми во користење средства од ИПАРД3.

Во делот на медиумите првата фаза од измените на Законот за аудиовизуелни медиумски услуги е заокружена и ќе биде поставен на Е-Влада. Тоа ќе се направи со цел да се изгласа што поскоро за да се испочитува зададениот рок – 31 мај годинава за да не се изгуби пристапот до фондовите од Креативна Европа.

Измените се однесуваат на финансиите за јавниот сервис МРТ и се прави анализа со којашто се планира да се намалат сегашните средства во износ од 1 процент за МРТ што се предвидени доколку не се загрозува Буџетот на државата. Сега се анализира да се најде решение, но нема да биде еден процент, посочува Алиу.

Со законските измени ќе се понуди и решение за регулација на мултимедијалните содржини (текст, аудио, видео). Порталите во оваа фаза не се опфатени и ќе влезат во ново решение. Првичните размислувања се тие да имаат регистрирана фирма во државава, како и минимум еден вработен како директор и уште двајца за работен процес.

Алиу истакна дека дигитализацијата бара многу пари но како што посочи, со тоа ќе се намали ниската корупција, некомпатибилноста помеѓу институциите. Сите други држави, вели министерот, имаат повеќе дигитализирани процеси споредено со нас.

Тој тврди дека дигитализацијата нема да повлече намалување на работните места во администрација, во која сега во 1354 институции се вработени 129 374 лица. Таа бројка во однос на 2021 година е намалена за околу 2000.

Како што најави Алиу, со инфраструктура на АД Пошта ќе се воспостават услуги на едно места на над 300 локации по принципот на едношалтерски систем, услуга што сега е достапна на пет локации, во Скопје, Куманово, Битола, Охрид и Тетово.

Tags: АлиуЗакон за аудиовизуелни медиумски услуги
Next Post

УЈП: Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријави продолжен до 28 април

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk