Службеници од Полициската станица Центар во кругот на Зелен пазар во скопското централно подрачје денеска лишиле од слобода малолетник од Скопје.
Како што информираа од МВР, малолетникот бил затекнат при извршување кражба на пазарот, при што од лицето А.Б. (38) од Скопје одзел паричник со пари.
Малолетникот бил задржан во полициска станица, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.