ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Синодот на МПЦ-ОА на седница ќе одлучува за приклучувањето на ПОА

April 25, 2023 11:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА денеска треба да одржи седница на која се очекува да биде донесена одлука за обединување со ПОА. Со тоа треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА.

Митрополитот преспанско-пелагониски Петар синоќа во тв интервју потврди дека денеска Синодот ќе се расправа за интегрирање на ПОА во МПЦ. На седницата ќе присуствуваат само митрополитите кои имаат епархии, иако претходно беше објавено дека Синодот ќе заседава во полн состав, односно според Уставот на МПЦ-ОА со сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА. Според владиката Петар, Уставот е сменет и тие измени предвидувале викарните епископи да не се членови на Синодот.

За одлуката што треба да ја донесе Синодот, вели дека не може однапред да каже каква ќе биде и дали, како што наведе, некој ќе биде задоволен или незадоволен.

– Меѓутоа тоа не е конечно, се додека и Синодот на нашата црква и Синодот на српската црква конечно не изградат заеднички став по тоа прашање и откако Соборот на архиереите на СПЦ изградат таков заеднички став по тоа прашање и го потврдат, со тоа се разрешува ова прашање, рече владиката Петар.

Порталот Религија.мк вчера објави дека постои начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА и кои епархии ќе им бидат дадени. Се очекува тоа да биде направено со прерспределаба на постојните епархии на МПЦ-ОА. Заокружувањето на процесот на интеграција би значел и формално згаснување на ПОА и нејзино целосно приклучување и обединување со МПЦ-ОА како единствена македонска автокефална црква.

Tags: МПЦ-ОАПОА
Next Post

Започна меѓународната воена вежба во Грција со учество на специјалните сили од Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk