ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Македонија каква што ја сакаме! Чичко Војче: Бевме изненадени од нашите соседи Албанци

April 26, 2023 10:35
in PMD, ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Фото: Градска.мк

Фото: Градска.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Eдна друга Македонија, далеку од токсичните разговори што ги слушаме речиси секојдневно, во нашето мултиетничко Скопје, група млади Албанци ја покажуваа својата човечност за да помогнат на една македонско семејство.

Оваа сторија не би добила етничка димензија, но бидејќи живееме во средина контаминирана со говор на омраза, оваа инспиративна приказна ги топи етничките разлики кога болката е заедничка.

На приказната и се дава уште поголем хуманитарен деликатес кога тоа се млади луѓе кои слушнале дека во нивното соседство живее сиромашна двојка. Според нив, никогаш не прашувале дали е Албанец или Македонец или која било друга етничка припадност. Единствената цел што ја имаа беше хуманитарната страна.

„Од Дижонска со љубов“ – Како му се помогна на семејството Милошевски

Македонското семејство Милошевски (Војче и Валентина) од 1960-тите живеат во Скопје на улицата „Дижонска“ во Општина Чаир, населба во која повеќето жители се етнички Албанци. Со рацете на срце зборуваат за соживотот што го доживеале во ова маало, почитувајќи се еден со друг. Проблемот на животот на Валентина и Војче кој е парализиран, не беа културните разлики, туку предизвиците на сиромаштијата.

Баба Валентина во разговор со Градска.мк кажува дека од моментот кога нејзинит сопруг ја напушти работата пред 25 години, животот им беше во работ за егзистенција, поради што Војче два пати беше подложен на кардиолошки интервенции, потоа тој доживеа и мозочен удар, кој се уште ги трпи последиците од оваа болест.

„Морав да се грижам за мојот болен сопруг, да работам по две или три работни места дневно, чистејќи во институции кои плаќаа многу малку, а исто така работев како чистачка во приватни куќи за да ги издржувам моите две ќерки кои исто така беа на училиште во тоа време. Дури и Војче по напуштањето на работата приватно работеше како автомеханичар, но со модернизацијата на автомобилите неговата работа избледи бидејќи беше потребна дополнителна модерна компјутерска опрема за поправка на автомобилите“ – изјави баба Валентина.

Двајцата сопружници живеат во стара куќа од тули, со две соби во кои има пукнатини предизвикани од земјотресот во Скопје во 2016 година. Раскажувајќи и треперејќи со солзи во очите Валентина и Војче тоа време го паметат како најтешкиот период бидејќи немале каде да спијат, каде како последица два последователни месеци спиеле во кола. Побараа помош од институциите и општината, но безуспешно.

Бевме изненадени од соседите Албанци…

Баба Валентина моментално е вработена во ЈП -Комунална Хигиена како чистачка, според неа, вработувањето е остварено благодарение на поранешен директор Албанец кој се запознал со нивниот случајот и овозможил вработување. Тие неодамна беа изненадени од соседите Албанци. По повод празникот Рамазан Бајрам, група млади луѓе кои доброволно се занимаваат со хуманитарни и социјални организации на брачниот пар им излегоа во пресрет, како што тоа го прават со другите семејства на кои им е потребна помош.

„Некој тропна на вратата, излеговме и видовме три момчиња, ни рекоа дека сакат да му подарат пакет со храна на чичко Војче, навистина се изненадивме, тоа е прва помош што ја добивме од некого, навистина беше многу добро, јавно му благодариме бидејќи тоа беше добар гест“ – Изјави за градска.мк Војче Милошевски.

Кои се овие млади луѓе?

На почетокот на оваа година неколку млади отворија страница на Фејсбук наречена (Младите од Дижонска) кои се организираа за одржувањето на паркот во близина на населбата со тоа што секоја недела организираа чистење на паркот, чистење и одржување на клупите и корпите за ѓубре.

Нивната активност веднаш беше проширена, каде дел од иселениците од населбата донираа средства и со тие средства ја санираа фонтаната на паркот и подготвија пакети со храна кои им ги подарија на социјално загрозените семејства.

Исмаил Муслија, еден од членовите на оваа група вели дека со задоволство им помага и на своите македонски сограѓани.

„Тоа беше мал гест како донирање пакет со храна“, изјави Синани за Градкса,мк Тој вели дека нема да застанат тука, ќе им помогнеме на ова семејство и на другите семејства кои имаат потреба, без разлика на етничка или верска припадност. Тој вети дека доколку има потреба ќе се организираат и ќе помогнат и за медицинска нега.

Извор: Градска.мк

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: соживотЧаир

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk