– По повод Неделата на имунизација, Министерството за здравство и Детскиот фонд на ОН )УНИЦЕФ) денеска пред вакциналниот пунк во поликлиниката „Букурешт“ ќе информираат за најновите податоци за редовната имунизација на децата со што ќе почне и медиумската кампања „Заштитени заедно – редовните вакцини за деца делуваат“.
Кампањата се спроведува со поддршка на УНИЦЕФ.
Како што е најавено, нн настанот предвидени се изјави за медиумите од заменик-министерката за здравство Маја Манолева, претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани и Горан Кочински, стручно техничко лице за имунизација на Светската здравствена организација.