Во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје во текот на вчерашниот ден се одржа промоција на новоформираното здружение на земјоделски инженери „Агроном 1947“, пренесе „Агротим“.
Здружението е водечки центар на професионалци во земјоделскиот сектор кои работат заедно за да создадат конкурентен земјоделско-прехранбен сектор преку пренос на знаење, технологија, информации и иновации во секторот.
-Агроном 1947 е формиран со слободно здружување на земјоделските инженери во Република Северна Македонија, заради остварување на професионалните интереси во насока на препознавање и промоција на професијата, достигнувањата во секторот и влијанието во процесите на креирање, следење и имплементирање на иновативните политики во земјоделството и руралниот развој, наведуваат од здружението.