Во следните два дена ќе преовладува сончево време, утре со засилен северен ветер.
Утринските температури ќе бидат пониски, особено во петок, соопшти УХМР.
За време на викендот во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Дневната температура ќе биде во пораст.