Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Отсекот потраги при Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров вчера во 15.40 часот на ул.„Емин Дураку“ во Скопје го лишиле од слобода С.М.(23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје.
-Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
С.М. бил спроведен во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.