За време на протестите на граѓанското здружение „За заедничка Македонија“ пред македонското Собрание, како и при упадот на толпата протестанти во собраниските сали, нападнати се и новинари, фоторепортери, сниматели. За време на вандалските случувања во собраниските простории нападнати се новинарите Никола Тануров, Душица Мрѓа, Искра Опетчевска, Боби Христов, Никола Ордевски, како и други новинари, фоторепортери и телевизиски сниматели.
Во насилствата во Собранието уништена е телевизиската и друга опрема на сите медиуми кои во тоа време ги следеле случувањата пред и во Собранието.
Сведоштвата на новинарите за немилите настани од 27 април 2017 може да се прочитаат ТУКА.