Во врска со доаѓањето на косовската претседателка во Тетово, г-ѓата Вјоса Османи, од „Тетово сака парк“ соопштија дека заедно со актуелниот градоначалник Касами треба да го посетат да ѝ го покажат градскиот парк, па и заедно да засадат дрво – добро позната пракса и пријателски гест во современиот свет.
„Доколку ова изгледа премногу нормално за г. Касами или му текне дека нема парк во неговиот град, нека се разгледа предлогот на високата гостинка да ѝ биде покажан нашиот урбанистички дострел „Девастирано централно градско подрачје” како и „Суспендиран ДУП (ШИК ‘Јелак’) на кој несуспендирано се гради“, додаваат од иницијативата.