Премиерот Димитар Ковачевски денес потврди дека Владата го дала овластувањето за префрлање на пари на изведувачот „Бехтел и Енка“ за Коридорите 8 и 10д.
„Во согласност со Законот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10 д и во согласност со потпишаниот договор врз основа на тој закон, Владата го задолжи Министерството за транспорт и врски да ги почне сите потребни процедури за почеток на активностите за проектирање и ангажирање на сите потребни ресурси потребни за почнување на работите и секако за правење на трансакциите на финансиските средства, кои се во согласност со договорот за отпочнување на работите. Не постојат пенали, тоа се лаги на опозицијата, кои од ден на ден гледате дека се правење хистерија, исто како што правеа хистерија од влегувањето во НАТО, исто како што правеа хистерија за почнувањето преговори со Европската Унија. Исто така прават и за почнувањето на работите на Коридорот 8, ништо друго не прават“, рече премиерот Ковачевски.