ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува садењето на тутунот, производителите очекуваат добра година и повисоки цени

April 29, 2023 16:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Почнува садењето на тутунот од новата реколта. Засега некои производители од Прилепско-пелагонискиот регион почнаа да садат, а поинтензивно ќе биде во текот на мај.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, вели дека годинава со откупувачите е договорено производство од  околу 26 400 тони, што е повеќе од лани и очекуваат добра година.

-Некои тутунопроизводители од Пелагониско веќе почнаа со садењето на новата реколта тутун. Очекуваме со почетокот на мај садењето да биде поинтензивно на целата територија. Моментално тутуновиот расад е добар и се очекува временските услови да помогнат и навреме да се засади. Ако лани беа договорени под 26 000 тони, иако производната година беше околу 21 000 тони тутун, годинава се договорени да се произведат околу 26 400 тони тутун. Можеби причината е што лани тутунарите добро поминаа: родот беше квалитетен, брзо се откупи и се постигна просечна цена од 290 денари за килограм. Сепак, останува да се види дали договореното ќе се исполни, изјави Стомнароски.

Тутунарите и годинава ќе бараат зголемување на цената на тутунот зашто се поголеми трошоците за производство.

-Очекуваме добра производна година, иако многу зависиме од временските услови, очекуваме цените да се зголемат, да стигнеме до реални исплатливи цени за одржливот на тутунопроизводството. Само исплатливоста може да ги привлече помладите генерации да го садат тутунот за да не остане само повозрасните да се занимаваат со тутунопроизводството, смета Стомнароски.

Деновиве на тутунарите им се исплаќаат субвенциите за ланската реколта. На околу 16 000 тутунари за ланскиот род им се префрлени 26 милиони евра на име субвенции. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски при посетата на Прилеп и на тутунарите увери дека министерството и државата остануваат да ги поддржуваат производителите.Тутунот е стратешка култура.

-Секако дека тутунопроизводителите ја имаат сета наша поддршка како и досега. Даваме максимална поддршка во дијалогот што ќе го го имаат со откупувачите за повисоки цени. Тутунопроизводството е македонска традиција и преку тоа државата обезбедува најголем девизен прилив. Тутунот е најизвезуван производ, а по него се виното, конзервната индустрија, изјави во Прилеп министерот Николовски.

Извор: МИА

Tags: Прилептутун
Next Post
Фото: Градска.мк

За „Теодосиј Гологанов“ граѓаните чекаа пола година, колку ќе трае реконструкцијата на улицата „Даме Груев“?

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk