СДСМ покажа што значи вистинска грижа за тутунарите, постигната е највисока откупна цена за тутунот, а откупот заврши без проблеми, пред истекот на законскиот рок.
На сметките на речици 16.000 тутунопроизводители исплатени се рекордни 26 милиони евра субвенции.
Постигната е рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година.
Оваа година ја одбележува историски најуспешен откуп на тутунот, кој помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок.
За реколтата за 2023 година, бројот на склучени договори е зголемен на 30.610, од 29.429 договори во 2022 година што покажува дека се зголемува интересот за одгледување на оваа земјоделска култура.
СДСМ како одговорна партија продолжува да ги поддржува земјоделците, субвенциите се исплаќаат редовно и неселективно, тогаш кога на земјоделците им се најпотребни за да се подготват за новата производствена сезона.