Вршителот на должност директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје, Зухејр Реџепи во објава на Фејсбук страницата на претпријатието извести дека поради здравствени причини поднесува оставка на функцијата.
Поради здравствени предизвици денеска си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП „Паркови и Зеленило“. И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважно од секоја функција, пишува Реџепи во објавата.
Реџепи, кој е дел на т.н. „Огнена група“ на ДУИ, беше назначен на функцијата лани во септември, откако директорските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во скопските јавни претпријатија поднесоа оставки по раскинувањето на соработката со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.