ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николоски: На македонскиот пазар на труд му треба активирање на работната сила

May 1, 2023 09:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Пандемијата, енергетската криза и војната во Украина доведоа до забавување на падот на стапката на невработеност и на некој начин до стагнација на македонскиот пазар на труд. Донесувањето на Законот за работни односи е основно, но неопходни се антиинфлаторни владини мерки, зголемување на номиналната плата и активирање на работната сила на пазарот на трудот, смета, универзитетскиот професор Димитар Николоски од прилепскиот Економски факултет.

– Позитивните трендови кои постоеја изминатиот период, на некој начин беа забавени од комбинираното дејствување на повеќе кризни моменти. Тука треба да се споменат пандемијата, енергетската криза и војната во Украина, кои доведоа до забавување на падот на стапката на невработеност и на некој начин стагнација до на македонскиот пазар на труд. Се уште може да забележиме изразена сегментација на пазарот на трудот. Младите, недоволно образованите работници, некои етнички малцинства, како ромската популација, се соочуваат со значително поголеми проблеми – поизразени стапки на невработеност и неактивност. Од друга страна, позитивни се трендовите на нови форми на работење, како што е онлајн, работа со изразени дигитални вештини, вели Николоски, кој ги следи состојбите на македонскиот пазар на труд.

Според него, во земјава се постигнаа придвижувања на работничките права – недела е неработен ден што доведува до баланс помеѓу работата и приватниот живот на работникот, а покачувањето на минималната плата, влијае на порастот на сите плати.

Но, сепак, како што посочува Николоски, соочени сме со изразена инфлација која доминираше во минатата година и доведе до пад во реалните плати.

– Се надеваме дека со антиинфлациските мерки на Владата и со номиналниот пораст на платите во текот на оваа година на некој начин тоа ќе биде компензирано, заклучува Николоски.

Тој додава дека македонскиот пазар на трудот се карактеризира со мошне ниска активност на работната сила, пред сѐ, поради фактот што значаен дел од ранливите категории сѐ уште не се активирани.

Николоски смета дека една од алтернативите на увозот на работната сила, би можела да биде поинтензивни активациски мерки за ранливите категории на население, а донесувањето на Законот за работни односи е една од основните мерки.

– Некои програми може да придонесат за активирање на работната сила. Тука треба да се истакнат некои тековни програми како гаранција за млади, се спроведува петта година, потоа, од оваа година имаме втора шанса за лицата со основно образование за комплетирање на средното образование. А донесувањето на Законот за работни односи е една од примарните мерки во насока за подигнување на работничките права и усвојување на ова што значи стандарди на Европската Унија, вели универзитетскиот професор Димитар Николоски.

Tags: Николоскипазар на труд
Next Post

Порака од Пендаровски по повод 1 Маj

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk