ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна санацијата на ѕидовите на црквата „Свети Димитрија“ во Горна Горица

May 1, 2023 13:21
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат активностите за заштита на црквата „Свети Димитрија“ во село Горна Горица, една од најпознатите цркви во Мала Преспа.

– Со Божја помош и помош на сите верници од Горна Горица, продолжуваме со активностите, овој пат со реконструкција на западниот ѕид на црквата. Бидејќи постоеше опасност од целосно оштетување на ѕидот почнавме со реконструкција и втемелување со бетон и заштита на темелите на оваа црква за секогаш, изјави за МИА, отец Алекс Темелко.

Тој додава дека за овој зафат се бара голем труд и напор и финансиски средства за да се реализира успешно до крај .

– Имајќи предвид дека финансиските средства на нашата црква се минимални ги повикуваме сите верници од Горна Горица и Мала Преспа и пошироко да помогнат со финансиски средства колку што можат за да се заврши започната работа, за која се потребни вкупно 1.500 евра. Секој што дарува себе си дарува. Од напред ви благодарам за поддршката. Господ сите да не Благослови, наведува отецот.

Минатата година во пресрет на празникот Христово воскресение, Велигден, благодарение на Деан Нестор, иселеник од ова село, црквата доби нови сводови на тремот во црквата.

– Изградбата на овие прекрасни сводови се реализира со помош на донација од 1000 евра, подарени од Деан Нестор со потекло од село Горна Горица. Господ да го благослови него и неговото најмило семејство. Се надеваме дека овој негов пример ќе го следат и други наши македонски иселеници од село Горна Горица, изјави отец Темелко.

Црквата “Св. Димитрија” во село Горна Горица изградена е во втората половина на XIX век.

Tags: „Свети Димитрија“село Горна Горица
Next Post

Ампева: Во приватниот сектор има позитивни пресуди во корист на работниците

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk