ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Разговор со писателката Сања Михајловиќ-Костадиновска во Градската библиотека во Скопје

May 2, 2023 11:07
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Утре (3 мај, среда) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со Сања Михајловиќ-Костадиновска, авторка на „(Бес)конечни модели на расказот“ – книга за месец мај. Разговорот е во 19 часот во спомен-собата „Т“га за југ“ и е дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“.

„(Бес)конечни модели на расказот“, издание на Бегемот, содржи 80-ина куси раскази поделени во неколку циклуси и тоа: почетнички раскази, иритирачки, деликатесни, ситни, патувачки, вселенски.

– Ефектни, енергични и динамични, минијатурите на Михајловиќ-Костадиновска се одликуваат со една згусната форма, нагласена сликовитост и висок степен на култура на изразот. Истите нудат мошне впечатливи, интересни и возбудливи коментари за видовите нарација кои, несомнено, ќе ја разиграат читателската фантазија и ќе понудат неповторливо читателско искуство. Авторката вешто си поигрува со поривот за раскажување/нарација на еден мошне инвентивен и оригинален начин – ќе запише Лидија Капушевска-Дракулевска.

Сања Михајловиќ-Костадиновска (1982, Скопје) е вонреден професор по шпанска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ги има објавено романот 517, победник на конкурсот „Новите“ во 2015 г., збирките куси-куси раскази (Бес)конечни модели на расказот (2018), Во Кратки црти (2021) и приказната за деца Сонувалко (2019). Нејзини раскази се преведени на англиски, шпански, словенечки, српски и хрватски јазик во списанија, антологии или посебни изданија, а има учествувано и на повеќе фестивали за кратка проза. Активно се занимава со превод од македонски на шпански и од шпански на македонски јазик и е член на македонското Здружение на преведувачи и толкувачи.

Разговорот со Михајловиќ-Костадиновска е дел од големата кампања на нашата библиотека #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори, а збирката раскази „(Бес)конечни модели на расказот“ ќе биде тема и на Клубот на читатели предвиден за 26 мај.

Разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ започна во септември 2022 година како заложба на Градската библиотека да ги доближи македонските писатели до своите читатели. Претставувањето се одвиваше преку избор на книга на месецот, нејзина постојана промоција на социјалните мрежи, разговор со авторот и клуб на читатели, каде што се дискутира предложениот наслов. Досега во рамките на кампањата беа претставени осуммина автори: Жарко Кујунџиски со „Сфинга на гневот“, Билјана С. Црвенковска со „Девет приказни за госпоѓица Сит“, Игор Станојоски со „Диссомнии“, Ана Стојаноска со „Лебед“, Јулијана Величковска со „Годишни времиња“, Игор Анѓелков со „Двојна експозиција“. Сања Михајловиќ-Костадиновска со„(Бес)конечни модели на расказот“ е последната, осма авторка во првиот циклус од кампањата.

-Нашата желба да им ги доближиме современите македонски писатели на нашите читатели вродува со плод. Разговорите со авторите се посетени, книгите и понатаму се зајмуваат и бараат во сите наши библиотеки, а за неколку од нив сѐ уште има список на чекање. Ова ни дава надеж дека нештата полека, бавно, но сепак се менуваат. Современата македонска книжевна сцена има одлични дела, одлични автори кои пишувајќи на мал јазик се осудени да бидат читани и од помала публика и да се борат „против“ светските бестселери, кои не секогаш се со висок квалитет. Сметаме дека како јавна библиотека нашата задача е токму тоа, да го поттикнеме интересот на читателската публика пред сѐ за домашните автори, кои заслужуваат внимание и прочит – подвлекува Снежана Стојчевска, директорка на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ со нов циклус од осум автори и осум дела ќе продолжи од септември.

Tags: Сања Михајловиќ-Костадиновска
Next Post

Во Франција повредени 108 полицајци, приведени 291 лице

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk