ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Субвенции за активен туризам: До 150.000 денари за една апликација за поддршка и подобрување

May 2, 2023 12:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Mинистерството за економија го објави јавниот оглас за поддршка на активен туризам, на кој за субвенции може да аплицираат претпријатија, клубови, фондации и здруженија на граѓани кои се занимаваат со активен туризам. Субвенциите се доделуваат за направени трошоци за опрема и алатки кои ќе помогнат во подобрување на овој вид на туризам за што ќе им бидат надоместени 50% од прикажаните трошоци за оваа намена, но не повеќе од 150.000,00 денари за една апликација по апликант.

Издвоениот Буџет за оваа намена е 1.000.000 денари.

Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2022 и 2023 година, но не и за следните трошоци:

-Набавка на потрошен материјал, возила, компјутери и компјутерска опрема;

-Износот платен за ДДВ за намените/трошоците за кои се бара субвенција;

-Царина за намените/трошоците за кои се бара субвенција;

– Курсни разлики;

– Закупнинина за деловен простор;

-Трошоци чие плаќање е направено со компензација;

-Уредување/подобрување на деловниот простор.

Претпријатието/субјектот кој што ќе биде субвенциониран по основ на оваа подмерка за набавка на опрема, има обврска истата да не ја отуѓува најмалку 2 (две) години од денот на добивање на субвенцијата и Министерството за економија го задржува правот да направи контрола.

Право на учество имаат сите заинтересирани претпријатија како и клубови, фондации и здруженија на граѓани регистрирани според Законот за здруженија и фондации основани за цели поврзани со поддршка и развој на туризмот и вршат дејност или активност во областа на туризмот и угостителството и досега (2021, 2022, 2023 година) не биле субвенционирани од Министерството за економија.

Потребните документи за пријавување и правила на следниот линк!

Tags: активен туризам
Next Post

Зошто партизираната бирократија е опасна за демократијата?

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025

Министерство за енергетика: Објавен оглас за распределба на инвертер клими за ранливите семејства

August 7, 2025

Лукровски: Планираме проект со кој би го разиграле кејот на Вардар, со локали и спортски терени за рекреација на младите

August 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Петрит Сарачини

    Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарчанец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk