Сè уште трае евакуацијата на децата од основното училиште „Владислав Рибникар“, каде утрово се пукало, бидејќи некои наставници ги заклучувале децата во училниците за да ги заштитат. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за Коста Кецмановиќ, седмооделенец кој уби најмалку шест деца. Бил добар ученик кој учествувал на натпревари и освојувал награди.
Се уште не може да се утврди каде се наоѓаат двајца ученици од седмо и второ одделение, пренесува „Данас“.
Како што соопшти претходно МВР, осомничениот за нападот е ученик од седмо одделение во тоа училиште, малолетник кој е осомничен дека пукал од пиштолот на татко му.
Евакуираните ученици, меѓу кои и соучениците од класот на уапсениот ученик, велат дека се работи за К.К., кој го опишуваат како тивок и повлечен.
Тие наведуваат и дека не бил проблематично дете.
„Немаше мотив да го направи ова“, велат вознемирените деца.
Друга девојка за напаѓачот вели дека тој секогаш бил фин и имал добри оценки, бил добар ученик и дека никогаш не би го очекувала тоа од него.
Ученик од неговото одделение наведува дека испукал над 20 куршуми, дека менувал чаури и пукал низ училницата.
Подготви: А. В. / Нова ТВ