ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ што поскоро да каже на која комисија да се разгледува Договорот за коридорите

May 3, 2023 16:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ бараше да се разгледува Договорот за коридорите, самите да одлучат на која комисија, кога и каде сакаат да се разгледува, да донесат одлука како да се движи во Собранието и тоа да го направат што поскоро, рече денеска во одговор на новинарско прашање координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Ако го анализирате вчерашниот ден кога главна тема беше каде ќе се разгледува Договорот за коридорите, дополни Митрески, првата шпекулација од ВМРО-ДПМНЕ беше дека наводно мнозинството бара начин како Договорот воопшто да не се разгледува.

„На тоа одговоривме и како став беше прифатен на координација кај претседателот на Собранието ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи бараше да се разгледува Договорот за коридорите, самите да одлучат на која комисија, кога и каде сакаат да се разгледува, да донесат одлука како да се движи во Собранието и тоа да го направат што поскоро. Кога видоа дека немаат одговор а целта очигледно им е да продолжат со шпекулации, почнаа со нови измислици и шпекулации дека договорот треба да биде даден на разгледување неколку дена. Иако точно знаат дека согласно законските одредби за класифицирани информации и Уредбата на Влада донесена 2004 година за ваков тип договори тоа не е можно на тој начин затоа што има пропишано начин. Затоа уште еднаш апелирам ВМРО-ДПМНЕ да кажат на која комисија и каде сакаат да се разгледува Договорот и тоа да биде побрзо“, наведе Митрески.

Според него, само на тој начин ќе се прекинат сите шпекулации поврзани со најголемиот инфраструктурен проект од независноста до денес.

-ВМРО-ДПМНЕ само се служи со лаги и само да го одолговлекуваат овој национален проект, рече  координаторот на пратеничката група на СДСМ.

По објавата на ставот од координацијата што се одржа вчера кај претседателот на Собранието во однос на барањето од ВМРО-ДПМНЕ за претставување на Договорот  пред пратениците со безбедносен сертификат а на која не присуствуваше ВМРО-ДПМНЕ,  пратеникот од оваа партија Антонио Милошоски на прес-конференција истакна дека тие според Законот за класифицирани информации бараат да им биде биде даден на увид Договорот за „Бехтел и Енка“, а не, како што рече, некој министер да им го раскажува.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЈован МитрескиКоридор 8 и 10д
Next Post

Изборната комисија ги прифати шесте кандидати пријавени за нов ректор на УКИМ

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk