ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Ќе ја причекам парламентарната расправа, потоа ќе се произнесам за сите осум закони поврзани со „Бехтел и Енка“

May 3, 2023 12:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека нема да ги потпише измените на Законот за работни односи со кои се предвидува работниците на Коридорот 8 да работат до 60 часа неделно.

Пендаровски, како што напомена пред обраќањето на конференцијата „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“, го нема во изворна форма Договорот за изградбата на Коридорот 8 и на Коридорот 10-д, ниту го видел. Прво ќе причека, истакна, да ја слушне парламентарната расправа, а потоа и ќе се произнесе за секој од осумте закони поврзани со „Бехтел и Енка”.

-Не, ако остане во таа варијанта не, зашто веќе постои одлука. Уставниот суд лани ја прогласи за неуставна таа одредба во едне друг закон. Не можеме да ги повторуваме грешките. И да го потпишам, а нема да го поптишам ако е таква одредбата, јасно е дека Уставниот суд, следејќи ја својата претходна одлука, повторно ќе ја прогласи за неуставна, изјави Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе ги потпише измените на Законот за работни односи.

Шефот на државата потврди дека не го видел Договорот за изградбата на Коридорот 8 и на Коридорот 10-д.

-Не сум го видел, знаете дека е направена само, како да ја наречам, делумна декласификација за пратениците кои имаат безбедносен сертификат. Значи, јас го немам во изворна форма. Прво сакам да ја видам парламентарната расправа, она што ќе биде на Комисијата и да видиме кои прашања ќе произлезат од таа дебата иако мојот став го знаете. Сакам да ги видам дефинитивните верзии на сите тие осум закони кои се во парламентарната процедура и на крајот, се разбира, тоа и Уставот го бара од мене, ќе се произнесам за секој од нив, подвлече Пендаровски.

 

Tags: „Бехтел и Енка“ДоговорПендаровски
Next Post

Зеленски пристигна во Финска, ќе се сретне со лидерите на нордиските земји

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk