ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска-Шаркар: Младите да учествуваат во промените на системот

May 4, 2023 09:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на работната посета на Обединетите Нации во Њујорк, САД, по повод одбележувањето на 30 години од зачленувањето на нашата држава во оваа организација, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, оствари средба со Урмила Шаркар, заменик директорка на Програмата на УНИЦЕФ Генерација без ограничување (Generation Unlimited).

На состанокот, двете соговорнички разговараа за поддршката што секоја држава треба да им ја пружа на младите во нивниот развој и напредок, но и за важноста тие да бидат активни чинители во креирањето на својата и иднината на државата.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што УНИЦЕФ и ја дава на нашата држава, особено во креирањето на одржливи и развојни политики.

Таа се осврна на Програмата Генерација без ограничување, која се имплементира од 2019 година, во која тимовите од Северна Македонија и во двата наврати беа избрани меѓу петте глобални победници и изрази уверување дека оваа соработка ќе продолжи и ќе се унапреди.

Вицепремиерката Грковска информираше за иницијативите што ги презема нејзиниот Кабинет, на локално и на регионално ниво, а кои особено се фокусираат на јакнење на интегритетот кај младите, на давање гласност на нивните идеи и потреби, но и нивно поврзување на регионално ниво со цел да се обезбеди подобра соработка и размена на искуства во однос на надминување на предизвиците со кои се соочуваат, а кои во најголем дел се слични или исти.

Шаркар истакна дека е многу важно да се обезбеди соработка меѓу младите и приватниот сектор, бидејќи само на тој начин ќе се обезбеди поврзување на младите со можностите. Тоа, додаде таа, е главната цел на Програмата Генерација без ограничување.

Двете соговорнички разговараа за потребата преку конкретни активности да се создадат долгорочни и одржливи решенија кои ќе создадат систем во кој младите ќе веруваат, а тоа е можно само доколку сите чинители во општеството, вклучително и приватниот сектор се вклучени во овие процеси.

Вицепремиерката Грковска информираше за кампањата која ја реализира нејзиниот кабинет „Зависи од мене и тебе”, чија главна порака е дека промените зависат од сите нас поединечно.

Tags: ГрковскаШаркар
Next Post

Во Скопје 99 санкционирани возачи, 46 за брзо возење

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk