Руската армија изврши 98 напади врз регионот Херсон во текот на изминатиот ден, при што загинаа 23 лица, а беа повредени уште 46, меѓу кои и две деца.
„Во текот на изминатиот ден, непријателот изврши 98 напади, испукаа 539 гранати од тешка артилерија, тенкови, беспилотни летала и авиони. Непријателот го гранатираше градот Херсон 16 пати… Како резултат на руската агресија, 23 лица загинаа, а 46 лица (вклучувајќи две деца) беа повредени“, објави на Телеграм Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена управа во Херсон.
Според него, руските војници ги гранатирале станбените населби на населените места во регионот.
„Градот Херсон беше погоден со особена бруталност. Осумдесет и две гранати удрија на плоштадот Привокзална, територијата и просториите на железничката станица, бензинска пумпа, два трговски објекти, фабрика, претпријатие за моторни возила, железнички премин“, информираше Прокудин.
Во текот на изминатиот ден 84 лица беа евакуирани од деокупираната територија на регионот.
Руските напади на украинскиот град Херсон и регионот започнаа утрото на трети мај.
Подготви: Ј. Ѓ.