ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи го враќа Тодоровски од амбасадор во Прага, една од причините е лажното претставување на Најчевска како културно аташе

May 4, 2023 13:17
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На амбасадорот на Македонија во Прага, Сашко Тодоровски, му е скратен мандатот и тој е вратен во Македонија.

Ова го соопшти шефот на дипломатијата Бујар Османи на онлајн брифинг со новинарите, наведувајќи ги слабостите во работата како причина за оваа одлука, пренесува Независен.

„Имало констатирани нерегуларности во неговата работа, нефункционалност,  лажно претставување на сопругата како културно аташе, непочитување на инструкциите од страна на МНР,  и тоа е подолг процес. Процедурата за неговото враќање трае повеќе месеци“, рече Османи.

Сопруга на амбасадорот Сашко Тодорвски е професорката Мирјана Најчевска.

ОД МНР во соопштение велат дека повлекувањето на амбасадорот од Прага претставува долг процес кој беше воден од Комисиијата во рамките на Министерството за надворешни работи, кои констатираа бројни прекршувања на процедурите и дипломатските практики, кои беа поткрепени и со материјални докази и прецизни констатации.

„Повлекувањето на амбасадорот од Прага претставува долг процес кој беше воден од Комисиијата во рамките на Министерството за надворешни работи, кои констатираа бројни прекршувања на процедурите и дипломатските практики, кои беа поткрепени и со материјални докази и прецизни констатации:

Во рамките на материјалното финансиско работење, при активностите за санирање на објектот на амбасадата, не се испочитувани внатрешните процедури и склучени се договори без согласност на Министерството; по истите Договори подоцна исплатени се финансиски средства без материјално покритие за истите.

Без согласност од МНР амбасадорот ангажирал локален персонал и склучил договори за ангажман на локален персонал, што е спротивно на интерните акти на МНР, поточно член 9 и член 10 од Правилникот за ангажирање локален персонал и спроведување практична работа на студенти во ДКП.

Без претходна соодветна одлука на Министерството, ја претставувал сопругата за „Аташе за наука“ на Република Северна Македонија, иако таа го немала добиено тоа дипломатско звање; прекршувајќи ги сите правила и надминувајќи ги ингеренциите кои ги има, ги довел во заблуда претставниците на научните и образовни институции во земјата на покривање.

Ги прекршил правилата на добрата дипломатска практика, и без да најави, не присуствувал на испраќањето на Претседателот на Владата сосе неговата придружна делегација за време на посетата на земјата на покривање, оставајќи непријатен впечаток пред дипломатските претставници на земјата – домаќин.

Во рамките на мандатот амбасадорот беше повикан на консултација во Скопје за да објасни дел од прекршувањата и направените неправилности, но иако ја напуштил земјата на покривање, без дозвола ја напуштил и земјава и подоцна пријавил дека отишол на одмор, за што е потребна посебна дозвола.

Сите овие дејствија, поткрепи со материјални докази и прецизни констатации, се дел од извештајот изготвен од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи кој подоцна е усвоен од Владата. Констатирајќи ги сите овие неправилност кои се дел од извештајот на Комисијата, Владата донесе одлука за повлекување на Амбасадорот. По веќе донесената одлука на Владата, Амбасадорот поднесе барање за предвремено повлекување“, се наведува во соопштението од МНР.

Tags: Бујар ОсманиПрагаСашко Тодоровски
Next Post

Калеска Ванчева: Парламентарното мнозинство поднесе измени на закони со кои се ограничува каматата на долговите

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk