ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Ден на македонскиот јазик – 5 Мај, дебати за негова заштита и афирмација и културни настани

May 5, 2023 08:29
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, надлежните институциии денеска организираат дебати и повеќе културни настани, а во вечерните часови на објекти во неколку градови низ државава ќе има светлосни и видеопроекции со цитати од македонско творештво. Годинава одбележувањето е под слоганот „Пишувај на кирилица!“, со акцент на употребата на кирилското писмо во секојдневната електронска комуникација, особено преку мобилните уреди.

Во Националната опера и балет ќе се одржи панел-дискусија во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, во организација на Министерството за култура.

-На панел-дискусијата ќе се разговара на повеќе теми поврзани со заштитата и афирмацијата на јазикот, за Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик кој ја помина владината процедура, за дигитализацијата на досиејата на Институтот за македонски јазик, за опстојувањето на македонскиот јазик до неговото стандардизирање во 1945 година, за јазикот низ новите медиуми и друго, најави Министерството за култура.

На дебатата, покрај министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ; министерот за образование и наука Јетон Шаќири; амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир; како и Елена Јованова-Грујовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Наташа Аврамоска од Институтот за македонска литература, Људмил Спасов од Советот за македонски јазик и Весна Мојсова-Чепишевска од Семинарот за македонски јазик, литература и култура.

Во организација на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, пак, ќе се одржи трибина на тема „Состојбите во современиот македонски јазик – јазикот во и на медиумите“, а Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ организира настан насловен „Преку јазикот на Конески и Миладиновци до светот на македонската народна поезија“.

По повод Денот на македонскиот јазик, а во рамки на манифестацијата „Денови на Благоја Корубин“, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ е најавено обраќање на министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и ќе бидат прогласени наградените ученици и студенти од распишаниот Конкурс за најдобар есеј во три категории (основно, средно и високо образование).

Како што најави Министерсвото за култура, во чест на одбележувањето на 5 Мај, денот кога Народната влада на Федерална Македонија ја усвои македонската азбука како официјално писмо на македонскиот јазик, ќе се одржат и неколку културни настани во Скопје.

Во Музејот на македонската борба,во 18:00 часот, концерт ќе одржи Музичката младина на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 60 години од формирањето.

Во 19:00 часот на „Школка“ во Градскиот парк, концерт ќе одржи рок- бендот „Црно собрание“, кој е составен од ученици од скопското средно училиште „Никола Карев“.

Во Кинотеката на Северна Македонија, пак, во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Јанѕа“, во режија на Никола Калајџиски, кој е првиот долгометражен документарен филм посветен на животот и делото на Блаже Конески, најголемиот чувар на традицијата, историјата и македонскиот јазик. Своја проекција во рамките на овие настани, филмот „Јанѕа“ ќе има и следниот ден, на 6 мај, во Центарот за култура во Битола, од 20:00 часот.

Влезот за сите настани е слободен.

Tags: Ден на македонски јазик
Next Post

Радев: Ако С. Македонија ги следи заветите на Гоце Делчев, да ги запише неговите сонародници во Уставот

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk