Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2023 година, во споредба со март 2023 година, е зголемен за 2.6 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3.0 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %, Безалкохолни пијалаци за 2.8 % и Ноќевања за 1.5 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во април 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12.3 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13.5 %, додека во однос на декември 2022 година, е зголемен за 1.6 %.