ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Со чување и унапредување на македонскиот јазик, го чуваме нашиот дом и идентитет

May 5, 2023 15:00
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Националната опера и балет учествуваше на панел-дискусијата по повод одбележувањето на 5 мај, Денот на македонскиот јазик.

Честитајќи го овој значаен ден, Костадиновска-Стојчевска изрази благодарност до сите оние што, како што рече, „македонскиот јазик го чуваа, го надградуваа, го негуваа, го зборуваа и ни го пренесоа како аманет, како тестамент“.

„Ни македонскиот ни кој било друг јазик не е создаден како оружје. Јазикот е бедем, јазикот е идентитет, јазикот никогаш не нè оставил сами. Кога ќе ја разбереме моќта на зборот , тогаш сме ја разбрале и силината на јазикот. Нема грд јазик. Има само агресивни соговорници кои посегнуваат по јазикот со сето непочитување, најнапред, кон сопствениот јазик. Тој вербален истрел не е дострел“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура потсети дека Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик влегува во собраниска процедура и потенцира дека тој е одговор на новите предизвици кои бараат зголемена, организирана и системска грижа на државата за правилна употреба на сопствениот, македонски јазик и на неговото кирилско писмо.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека со новиот Закон за употребата на македонскиот јазик ќе се прошират областите во кои задолжително ќе се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, а задолжително лекторирање ќе врши само лектор со лекторска лиценца. Истовремено, со Предлог-законот ќе се даде правна основа за донесување Национална стратегија за македонскиот јазик. Се предлага и основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, кој ќе врши инспекциски надзор исклучиво од аспект на примената на македонскиот стандарден јазик.

„Секое непочитување на употребата на македонскиот стандарден јазик повлекува санкции. Предложените прекршочни одредби се усогласени со новиот Закон за прекршоци. Имајќи предвид дека станува збор за прекршоци од областа на заштитата на културното наследство – јазикот како духовно, нематеријално културно богатство, се пропишуваат глоби во трикратно повисок износ од максимално утврдените глоби“, информираше Костадиновска-Стојчевска.

Подигањето на општото ниво на јазична култура, негувањето и развојот на македонскиот стандарден јазик како значајно и препознатливо обележје на македонскиот народ, рече министерката за култура, е нешто во кое мора сите да учествуваме, со постојана свест дека „јазикот е нашиот темел, нашиот идентитет, нашата Татковина“.

Во контекст, пак, на јазикот низ новите медиуми, таа истакна дека, за жал, покрај другите негативни работи, поразителен е фактот што и во 21 век нашата помлада популација обесписменува во сите фонтови.

„Затоа и овогодишното мото за Денот на македонскиот јазик е ’Пишувај на кирилица‘, за да не го заборавиме нашето преубаво и посебно кирилско писмо, нашата азбука од 31 буква. Имаме зборови, македонски зборови за сė. Би сакала младите да објавуваат, да пишуваат на македонски со македонското кирилско писмо и самите да ги осознаат убавината и богатството на сопствениот јазик. Зашто јазикот е последната одбрана од заборавот. Имаме соодветен убав збор за секое ’гуглање, стримање, форвардирање, гејмирање….‘, рече Костадиновска-Стојчевска.

Во контекст на јазикот, министерката за култура се осврна и на неколку значајни јубилеи што се прославуваат годинава, како: 120 години од објавувањето на книгата на Крсте Мисирков „За македонцките работи“, 100 години од раѓањето на великанот на македонската лирика Ацо Шопов како дел од Националната програма „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“, 115 години од раѓањето и 80 години од загинувањето на Коста Рацин, 30 години од смртта на Блаже Конески, 80 години од првиот час на македонски наставен јазик во училиштето во Подвис, Кичевско, и други. Таа додаде дека има и многу други годишнини кои културните установи и центри низ државава достојно ќе ги одбележат во оваа, 2023 година со поддршка од Министерството за култура.

На крајот, Костадиновска-Стојчевска ја сподели и веста дека Владата го усвои предлогот на Министерството за култура за воведување две нови државни награди, и тоа: првата, на Иницијатива од Советот за македонски јазик, наградата „Блаже Конески“ за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство, и втората, на Иницијатива од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, наградата „Ремзи Несими“ за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик во земјава.

Tags: Костадиновска Стојчевскамакедонски јазик
Next Post

Состојба на повредените во престрелките во Србија: Две деца од училиштето се уште критични, повеќе тешко ранети во Младеновац

Shortcut

Најново

Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026
Илустрација Фронтлајн

Андони Ираола ги договори условите со Ливерпул, Шпанецот станува нов главен тренер на „Црвените“

June 2, 2026

Герасимовски: Кино под отворено небо во центарските паркови

June 2, 2026

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk