ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Алиу: Конечен став за забраната на Тик Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

May 7, 2023 17:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за  информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека конечен став околу иницијативата за забрана на социјалната мрежа Тик Ток во државава ќе има само по координирана активност со правосудните, образовните и безбедносните институции.

Алиу попладнево во пишана изјава изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите и граѓаните на соседна Србија и осврнувајќи се на иницијативата за забрана на Тик Ток посочи дека ја поддржуваат иницијативата на Министерството за образование и наука за евалуација на ризиците од сите социјални платформи.

-Најпрвин, цензурата е регулирана со Уставот на Република Македонија. Така што, конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата. Оттаму ја поддржуваме иницијативата на МОН за евалуација на ризиците од сите социјални платформи. МИОА има јасен став дека е против секој вид на говор на омраза или насилство, без исклучок, и поддржуваме санкционирање на секој извор на говор на омраза/насилство, вели Алиу.

Потребно е, укажува ресорниот министер, да направиме дистинкција помеѓу говор на омраза/насилство како и извори на говор на омраза/насилство од една страна и самите платформи за говор преку кои таков говор би се трансимитирал.

-Оттаму, Министерството за информатичко општетсво и администрација ги зема во предвид сите социјални платформи без исклучок. Иако во моментов не завземаме став за забрана на било која социјална платформа, но и како родители, силно сметаме дека социјалните платформи како феномен на цивилизацијата на нашето време треба да почнат да се регулираат. Следствено како Министерство веќе превземаме подготвителни активности во тој правец и ќе се вклучиме со општествени иницијатив своевремено, вели Алиу.

Од МИОА изразуваат апел за зголемување на свесноста за социјалните платформи на наставно образовниот кадар и кај родителите и огромно внимание. Дополнително, вклучително и до невладиниот сектор, како и останатите државни институции, телевизиски и радио концесионери да продуцираат содржина со образовно воспитен карактер и да ги пополнуваат празнините на социјалните платформи со добри содржини.

-Будно ќе ги следиме случувањата и ќе бидеме во контакт со надлежните институции. Имајќи ја во предвид сензитивноста и опасностите остануваме целосно отворени за комумикација со сите општествени чинители, заклучи министерот Алиу.

Tags: АлиузабранакоординацијаТикТок
Next Post

(ВИДЕО) Пет еротски трилери од новиот милениум што мора да се гледаат

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk