Градоначалникот на Крушево Томе Христоски во своја објава на Фејсбук пладнево информираше за стартот на првото од многуте првенства во параглајдинг кои ќе се одржуваат оваа година – 1st SRS OZONE Edition.
Крушево останува на светската мапа за одржување на меѓународни, светски, европски и национални првенства во параглајдинг и змајарство, потенцира Христоски.
Нашиот град наредниве месеци ќе биде место на збиднувања и манифестации, затоа дојдете, видете го се она што го нуди Крушево, почувствувајте ја природата, традицијата, културата на крушевчани и уживајте во сместувачките капацитети и во одличната храна, заклучи градоначалникот Христоски.