Денеска го одбележуваме Денот на македонската полиција – 7 Мај. Со реализација на процесот на реформи придонесовме кон повисока професионализација на полицијата, која денес е препознаена како сервис на граѓаните, бранејќи ги нивните права и штитејќи ги јавниот мир и безбедност.
– Како одговорна влада ги подобривме условите за сите припадници на полицијата, за коишто обезбедивме континуиран пораст на платите и подобри услови за работа, за што и понатаму ќе продолжиме да бидеме посветени. Упатуваме честитки за операционализацијата на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС) што ќе придонесе за понатамошно имплементирање на европските стандарди во граничното управување, се вели во Фејсбук објавата на Влада на Република Северна Македонија.