ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи на средба со МАСИТ: Либерализацијата на пазарот на труд е потребна и за растечката ИКТ индустрија

May 8, 2023 15:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска одржа работен состанок со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

На состанокот се зборуваше за прашањето за недостаток на работна сила на пазарот на труд во Северна Македонија, ситуација која не го заобиколува ниту сегментот на ИКТ индустријата, поради што од страна на претставниците на МАСИТ беше нагласена потребата од либерализација на пазарот на труд.

„Се соочуваме со структурни промени кои бараат прилагодување на вештините на граѓаните на потребите на пазарот на труд, само на тој начин може да се гради економија која ќе ги следи дигиталните можности кои се поставуваат пред неа и на тој начин да расте. Развојот на дигитални вештини кај економски активното население претставува добра основа за понатамошниот раст на ИКТ индустрија, но дополнителни развојни потенцијали ќе се добијат и со либерализацијата на пазарот на труд”, рече вицепремиерот Битиќи.

На состанокот вицепремиерот Битиќи беше запознаен со повеќе иницијативи и процеси на неформално образование кои се спроведуваат од страна ИКТ секторот во земјава, а кои се ставени во функција во кратки временски периоди да извршат преквалификување на работници согласно потребите на оваа растечка индустрија.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека дијалогот со претставниците на стопанските комори е важен во отворањето на теми кои се од суштинско значење за општеството.

„Мора заеднички да дојдеме до подобра позиција на домашните компании во процесите на дигитализација, во рамки на јавно-приватниот дијалог”, истакна вицепремиерот Битиќи.

Претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Илија Господинов истакна дека со воспоставената комуникација преку Комисијата за јавно-приватен дијалог се добива висока вредност за сите чинители во овој процес за надминување на тешкотиите и предизвиците со кои соочуваат компаниите од ИКТ индустријата.

„На пат сме да го пронајдеме вистинскиот начин кој ќе даде резултат, преку повисоко ниво на формална комуникација и оперативни чекори ќе дојдеме до подобар дијалог и интеракција помеѓу коморите и Владата”, рече Господинов, притоа нагласувајќи ја потребата од олеснување и унапредување на административните процедури во делот на ангажирање на работна сила во ИКТ индустријата.

Tags: БитиќиМАСИТпазар на труд
Next Post

Талевски: СДСМ поддржува една изборна единица

EVN

НАЈНОВО

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Андонов на промотивен настан на анализа на јавното мислење за ЕУ процесите: Владата шири евроскептицизам!

January 28, 2026

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk