Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е задоволен од напредокот на Големата награда на Мајами.
Во квалификациите Британецот беше 13-ти, а во трката успеа да се пробие на шестата позиција. Непосредно пред целта, Хамилтон го помина возачот на Ферари, Шарл Леклер.
– Навистина уживав да се борам со сите овие машини. Одлично е што на крајот успеавме да сме подобри од болидот на Алпин и да го престигнеме Ферарито. Неверојатно. На последната етапа во спринтот се вратив назад, и ова е деморализирачко, многу тешко. Убаво е да се покаже темпото, да се гледаат противниците напред, да се види напредокот. Направив неколку одлични престигнувања- за ова и живеам. Одлично е кога ќе видите Ферари напред и малку по малку ќе го престигнете. Ако имавме подобри квалификации можеби трката ќе беше полесна. Но, ми се допаѓаат деновите кога треба да ги надминете неволјите и да се докажувате, изјави седумкратниот шампион во Формула 1.
Во Генералниот поредок, Хамилтон е четврти со 56 бода, лидер е Верстапен од Ред Бул со 119 бодови.