Шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаин на денешната панел-дискусија за ПФД2023 насловена „Патот кон 2030“ истакна дека во земјава најголеми проблеми се сиромаштијата, нискиот стандард на живеење, корупцијата и криминалот.
-Корупцијата е корозивна за општеството, таа ја ослабнува демократијата со тоа што ја поткопува довербата во институциите, таа се заканува на функционирањето на демократските институции тоа ја искривоколчува економската конкуренција, граѓаните и бизнисите губат како и општеството во целина, рече Ларсон Џаин.
Од ова, како што рече, произлегува дека борбата против корупцијата и владеењето на правото се основни вредности коишто треба да се почитуваат за да се стане членка на ЕУ.
-Ова не е мала задача и постоеја и продолжуваат да постојат значителни пречки по патот којшто поттикнаа загриженост како меѓу земјите-членки на ЕУ така и меѓу меѓународните партнери, една вистинска заложба од сите засегнати страни заедно со национално носителство отчетност и транспарентност се потребни, нема кратки патеки на патот кон ЕУ, посочи Ларсон Џејн.