ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На ФЕИТ почна 11-тиот Робомак натпревар

May 8, 2023 14:17
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

На Факултетот за електротехника и информациски технологии, денес, почна 11-тото издание на меѓународниот натпревар за роботика, електроника, автоматика и вештачка интелигенција – Робомак 2023.

Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ, ги мотивираше студентите да го практикуваат своето теоретско знаење.

„Како ФЕИТ секогаш сме насочени кон тоа наученото знаење да се примени во пракса уште во студентски денови. Една од овие можност е токму и организирањето на настан како што е Робомак, но и други студентски случувања. Ние силно ги поддржуваме сите активности на нашите студенти и ги мотивираме да создаваат технички умни решенија“, рече Ташковски.

„Оваа година ќе биде одбележана со суштински реформи засновани на клучните европски принципи надигитализација на услугите насочени кон трансформирање на начинот на којшто граѓаните комуницираат со јавната администрација. Содигитализација на јавните услуги ќе се намали времето што граѓаните го поминуваатза добивање услуга на шалтерите на јавната администрација. Услугите ќе бидатдостапни во реално време, транспарентни, отчетни и поевтини, со штоклиентелизмот, фаворизирањето и монополизирањето ќе бидат минато. Како резултатна тоа, дигиталната трансформација позитивно ќе влијае на дигнитетот идостоинството на граѓаните и на вработените во администрацијата“, порача Александар Бајдевски,заменик – министер за информатичко општество и администрација.

Во наредните неколку дена, учесниците преку работилници и предавања ќе се запознаат со роботиката и најновите научни достигнувања во областа и ќе го применат стекнатото знаење на вистински роботи. Потоа, ќе имаат можност да ги претстават своите решенија во натпреварувачкиот сегмент, кој ќе заврши во Кино Милениум со почеток во 18 часот на 13-ти мај2023 година (сабота).

„Уверен сум дека многумина од Вас, драги студенти, ќе останат во нашата држава и ќе го вложатсвоето знаење. Ќе донесат меѓународни проекти, ќе работат на развој на техничкирешенија, ќе создаваат и креираат во Македонија. Токму како што тоа го праватвашите професори, вашите родители и сите ние што остануваме во земјава. Секако,ова не значи дека не треба да се движите во светот или дека не треба да разменуватезнаења и искуства со колеги од други држави. Напротив, движете се, споделувајтезнаења, стекнувајте искуства и сето тоа вложете го во иднината на Македонија,но и во иднината на целокупното човештво“, порача Никола Јанкуловски, ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ -Скопје.

РобоМак 2023 еорганизиран од Студентскиот огранок на ИЕЕЕ при УКИМ и Факултетското студентскособрание при ФЕИТ.

„Членовите на ИЕЕ севидни експерти во своите области, во академијата и индустријата. Со се поголемфокус на мултидисциплинарноста, тие се посветени да го направат светот подоброместо за живеење. Посветеноста на членовите на хуманизмот и на зеленитетехнологии се само неколку примери за ова“, рече Анастас Мишев, претседател на македонскиот огранок на ИЕЕЕ.

Tags: РобомакФЕИТ
Next Post

Хрватските судии во „бел штрајк“ бараат зголемување на платите за 1.300 евра

НАЈНОВО

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски со кордон од факели под Триумфална: Ти се поклонувам мое Скопје, влегуваме во ново време

November 3, 2025

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 3 ноември

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk