ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворен е конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2023 за новинари од Западен Балкан и од Турција

May 8, 2023 14:48
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ

Отворен е конкурсот за „Наградата од Европската Унија за истражувачко новинарство 2023″, која е дел од проектот „ Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција 2 “.

Оваа награда има за цел да ги препознае и промовира извонредните постигнувања во истражувачкото новинарство, како и да ја подобри видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција.

Наградата им оддава признание на најдобрите истражувачки стории објавени во претходната календарска година и се доделува во шесте земји од Западен Балкан (Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија) и во Турција.

На конкурсот право да аплицираат имаат новинари или групи на новинари чиишто стории биле објавени или емитувани во кој било медиум во Македонија – печатен, радио, ТВ, онлајн – на македонски јазик или на некој од малцинските јазици во текот на 2022 година. Иновативни формати како подкасти, Јутјуб/Тикток/Инстаграм истражувачки серијали, исто така се добредојдени.

На конкурсот може да се пријават стории кои биле објавени или емитувани во периодот од 1 Јануари 2022 година до 31 декември 2022 и кои покриваат организиран криминал, корупција, раст на екстремизмот, разни форми на странско влијание, прекршување на човекови права, вклучувајќи ги и тие во дигиталната сфера, како и други теми кои се однесуваат на економиите и политичките случувања во земјите од Западен Балкан и во Турција.

Оваа година, за прв пат, ЕУ наградата се воведува и на регионално ниво, таргетирајќи ги најдобрите стории од целиот регион, врз база на јасно определени критериуми.

Годишниот награден фонд за Македонија изнесува 10.000 евра. Дополнително, наградниот фонд за регионалните награди изнесува исто така, 10.000 евра. Ќе бидат избрани три најдобри стории на национално, и три на регионално ниво, при што паричните награди изнесуваат по 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ место и 2.000 евра за трето место.

Секој од кандидатите може да одбере дали сака да ја пријави својата сторија за националниот, регионалниот, или и за двата конкурси. Оваа можност се нуди во формуларот за апликација. Еден кандидат/автор може да аплицира со повеќе стории. Победниците на националните конкурси во секоја од земјите од Западен Балкан и од Турција автоматски стануваат и кандидати за регионална ЕУ награда за истражувачко новинарство.

Организатор на конкурсот е Томсон медија, а спроведувач во Македонија е Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, организации со децениско искуство во развој на медиумите, промоција на правата на новинарите и професионалното новинарство.

Tags: ЕУ наградиистражувачко новинарство
Next Post

Комисијата за заразни болести предлага укинување на сите задолжителни мерки за Ковид-19

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk