Руските и советските знамиња ќе бидат забранети утре во близина на советскиот споменик во центарот на Берлин, соопшти Вишиот управен суд на германската престолнина.
Вишиот суд на тој начин ја укина одлуката на управниот суд со која е поништена забраната за овие знамиња по повод одбележувањето на германската капитулација на 8 и 9 мај, објавија западните медиуми.
Така, околу Меморијалот во паркот Тиргартен се забранети руското и советското знаме, како и лентата на Свети Ѓорѓија, формирана од три црни ленти, кои редовно се креваат во Русија во знак на сеќавање на победата над нацистичка Германија во 1945 година.
Украинските знамиња, кои првично беа забранети од полицијата, ќе бидат дозволени, одлучи управниот суд во Берлин.
Проценката на полицијата дека (руските) симболи најверојатно ќе пренесат пораки на насилство имајќи ја предвид актуелната агресивна војна против Украина, се покажа како основана, образложи Вишиот суд во својата одлука.
Се додава дека во сегашниот контекст овие симболи би можеле да се протолкуваат како порака за „симпатии за водење војна“.
Одлуката на судот ја поздрави берлинската полиција која утре масовно ќе ги мобилизира своите припадници со цел да се избегнат евентуални насилства.
Во Берлин утре се очекува собир на руски моторџии од клубот „Ноќни волци“, лојални на Кремљ, кои кон крајот на април тргнаа од Москва.
Г. Т.